До крајот на годинава, работодавците имаат обврска да исплатат регрес а дали сите компании ќе го сторат тоа, или некои ќе се обидат да го избегнат, често и преку исплата на регресот за годишен одмор, а потоа барање работниците да ги вратат назад парите, задолжен е да проверува Државниот пазарен инспекторат.
Како се наближува крајот на годината претставките од вработените се се почести, иако се очекува дека „пикот“, односно најголемиот број дојави на адреса на инспекторатот ќе стигнат на почетокот на идната година, од оние вработени кои не го добиле регресот.
– За неодговорните работодавачи кои не исплаќаат регрес за годишен одмор или бараат од работниците да ги вратат исплатените средства по овој основ, Кривичниот закон предвидува затворската казна до 1 година. Оваа законска обврска дополнително ќе придонесе за заштита и остварување на ова уставно и законско право на работниците (Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, Сл. весник бр.226 од 2015г.), предупредуваат во соопштението од Сојузот на синдикати на Македонија.
Досега К15 земаат само вработените во приватните компании. Неодамна надеж добија и вработените од јавниот сектор, дека од идната година може и тие да „се омрсат“ со регресот, по потпишување на новиот колективен договор.