Бране Петрушевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, на својот Фејсбук профил сподели фотографии од новите патокази кои се поставени во општина Куманово на кои може да се забележи дека на таблите нема кирилично писмо.
–Ова се новите патокази поставени во општина Куманово, Република Македонија. Никаде го нема македонскиот јазик и кириличното писмо! Како македонец, НАЈОСТРО реагирам против поставувањето на овие патокази и ги повикувам градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски и Владата на Република Македонија, да постапат согласно Уставот и да се отстранат овие патокази, а потоа да понесат и политичка одговоронст! Во оваа држава, и во оваа општина, живеат мнозинство македонци, и ваквото изоставување на македонскиот јазик го сметам за понижувачко и навредливо кон нашите чувства како македонци.– напиша Петрушевски.