Македонскиот кошаркарски репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб експресно се опорави од повредата на скочниот зглоб и ќе биде подготвен за настап во дресот на Фенербахче на следниот меч од Евролигата против Реал Мадрид.
Тој доби поштеда да не игра викендов во турското првенство, но и без него тимот оствари триумф, а најавите се дека тој ќе биде максимално подготвен за дуелот со „Kралевите“ вo четврток.
„Повредата на Лестер Бо Мекејлеб не е сериозна, тој веќе ја залечи, но, сепак, доби поштеда да не игра на мечот од домашниот шампионат. Се очекува да биде максимално подготвен за следниот натпревар од Евролигата против Реал Мадрид“ информира прес службата на клубот.
Мекејлеб заработи незгодна повреда на скочниот зглоб на дуелот со Унион Олимпија во Љубљана, но и на тој натпревар беше еден од најдобрите во тимот на Фенербахче, завршувајќи ја средбата со 17 поени и пет асистенции.