Кај луѓето врежано е мислењето дека во Германија има високи плати. Тоа е причината поради која многу од луѓето одлучуваат да работат и да живеат во таа земја. Бројките не лажат – но треба правилно да се читаат.
Треба да знаете дека доколку во Германија ги прашате луѓето колкава им е месечната плата, ќе добиете одговор за бруто, а не за нето износ. Доколку воопшто добиете одговор затоа што Германците тоа прашање го сметаат за индискретно и не сакаат да одговараат.
Статистиките сепак покажуваат дека просечната бруто плата во Германија во 2018-та година изнесувала 2.950 евра. Просечната плата била значително пониска, поточно околу 33 отсто пониска и изнесувала 1.945 евра.
Во разликата од 1.000 евра се вбројуваат трошоците за данок кои се плаќаат на државата и допринесуваат за различни осигурувања.
Висината на данокот кој месечно се одбива од платата притоа зависи од даноците на вработениот, дали тој живее во брачна заедница, дали е самохран родител, дали неговиот сопруг/сопруга работи, дали еден од партнерите работи повеќе работи и слично.
Најдобро и најлошо платени професии
Просечната плата е апстрактен статистички податок кој не кажува многу за тоа колку се добро платени вработените на одредени позиции. Разликата помеѓу оние кои се на врвот на листата на примања и оние кои се на дното е огромна. Докторите примариуси заработуваат повеќе од 120.000 евра во просек годишно, повеќе од 10.000 евра бруто плата месечно, нешто помалку од тоа заработуваат менаџерите во трговскиот и финансиски сектор, а околу 30 илјади евра годишно помалку, докторите специјалисти.
Оние кои се наоѓаат на крајот од оваа листа одвај спојуваат крај со крај. На неславното последно место се наоѓаат помошниците во кујна кои во просек заработуваат по 2.000 евра бруто месечно додека пак келнерите и фризерите заработуваат само 10-на евра повеќе од нив месечно. Меѓу најлошо платените професии се агентите во кол центрите, готвачите, помошниците во стоматолошките ординации, бејбиситерките и возачите на камиони. Значително помалку плата имаат и медицинските сестри со малку работно искуство како и воспитувачите во градинките.
Дневница по сатница
Германија е една од земјите во ЕУ која според законските прописи има минимална дневница по сатница. Таа моментално изнесува 9.19 евра. Најголема сатница има во Луксембург (11.97 евра), а поголема сатница од Германија имаат уште четири земји членки на ЕУ: Белгија, Ирска, Холандија и Франција.
Најниска минимална плата по час има во Бугарија (2.69 евра) и Хрватска (2.92 евра) само што и тука секако дека станува збор за бруто вредност.
Платите во Германија значително се повисоки од европскиот просек, но пониски од Швајцарија, Луксембург и Данска. Тоа го покажуваат статистиките и бројките. Но, кога зборуваме за висината на платите секогаш е важно да гледате малку пошироко, колкави се трошоците за живот, храната и киријата за живеење.