„А1он“: Во Расадник во Кисела Вода ќе никнат 100 нови згради (ВИДЕО)

Се изгласа ли новиот Детален урбанистички план (ДУП) за местото Расадник, тоа ќе значи градежна инвазија во Кисела Вода, со бруто-станбена површина од над 837 илјади квадратни метри, објави „А1он“.

ДУП-от предвидува изградба на 100 нови згради со вкупна бруто-станбена површина од речиси 550 илјади квадратни метри (претходната бројка е поголема зашто опфаќа и куќи), во кои ќе се населат речиси 20 илјади станари.

Забелешки засегнатите граѓани ќе можат да поднесат најдоцна до 7 ноември, до кога трае јавната анкета во општината. Според „А1он“, граѓаните веќе собираат потписи за понишување и се подготвени со жив штит да го попречат гpaдежното цyнaми. Повеќе детали прочитајте и видео прилогот погледнете го ТУКА.

- Реклама -