Доказите и непуштените „бомби“, складирани во депото на СЈО, неплатени сметки за струја, ќе се најдат изложени на ризик од кpaдење и оштетување, објавува „САКАМДАКАЖАМ.МК“.
Поради неплатените сметки, ЕВН ќе ја исклучува струјата во зградата, па безбедносните камери нема да можат да работат. Поради немање потписник за сметките, не само што не се платени сметките за струја за октомври и ноември, туку се трупаат и други сметки за парно, вода и слично. Во меѓувреме, сите материјали стојат во депото и не смеат да се изнесуваат, а проблем се и платите на околу 90 вработени. Повеќе ТУКА.