На денешната попладневна седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), донесена е одлука да ѝ се одзеде дозволата за работа.
АВМУ отвори постапка поради неисполнување на минимум кадровски услови, а медиумот имаше 15 дена да ги исправи пропустите, но тоа не се случи. Според информациите на „Фактор“, согласно дозволата „1ТВ“ била обврзана да има најмалку 30 вработени, од кои 10 новинари, но телевизијата тој минимум не го исполнува, бидејќи по апceњето на неформалниот сопственик Боки 13 поради случајот „Рекет“, најголем дел од вработените новинари си заминале.
Телевизијата, освен повремено, во последните два месеци не емитуваше програма. Се очекува да се отвори стечајна постапка до крајот на овој месец, пренесува порталот.