Пендаровски: Датумот за избори нема никаква врска со ратификацијата на пристапниот договор за НАТО

Датумот за одржување на предвремените избори воопшто да не се поврзува со потребата за ратификација на договорот за членство во НАТО, бидејќи дури и да се случи тоа токму во тој период, изборите не се пречка Собранието да го ратификува, порача претседателот Стево Пендаровски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Тетово.

Пендаровски додаде дека не треба да се занимаваме со технички и правни образложенија, бидејќи уставната норма по ова прашање е недвосмислена и дека пратениците имаат мандат сѐ до последниот ден додека не се верификува мандатот на следните пратеници. Доколку се јави потреба баш во тој период, воопшто не е проблем актуелните пратеници да го ратификуваат пристапниот договор, дециден е тој, давајќи пример со вонpeдна ситуација:

„Ако затреба, не дај боже вojна да има, што ќе речеме: Ние немаме парламент? Таман работа. Правно кажано, кога имате техничка влада, мора да имате и парламент со такви специфики, значи и технички парламент“, констатира претседателот.

 

- Реклама -