Си изградил куќа од соништата од контејнери за транспорт

Човек искористил 11 контејнери за транспорт за да ја изгради својата куќа од соништата од 2.500 квадратни метри, а внатрешноста изгледа неверојатно.

Кога станува збор за градење на дом од соништата, луѓето имаат многу различни идеи. Некои избираат удобни и мали бунгалови, други се одлучуваат за луксузни куќи. Но има неколкумина од оние што нема да се решат да ја искористат  традиционалната архитектура и се решаваат да градат нешто сосема друго, на пример, контејнерска куќа. Она што го направи дизајнерот Вил Брекс е навистина прекрасно тој е горд сопственик на куќа изградена исклучиво од контејнери за транспорт.

Неговиот нов дом се наоѓа на улицата Мекгоун во Хјустон. Според сопственикот, неговата 11 контејнерска куќа е најобемната структура од ваков вид.
Контејнерите се натрупани едни над други за да создадат трокатна куќа, со балкон на најгорниот кат.
Брекс сакал да изгради своја куќа уште во 2000 -та, меѓутоа, долго време се мачел да најде некој што би дизајнирал куќа што тој ја сакал сакал, па на крај Брекс решил сам да го стори тоа.

„Почнав да гледам во проекти што се градеа што ми се допаднаа. На кројот изнајмив дизајнер кој што беше задолжен да дизајнира градска куќа на 3 ката, но откако со месеци се вртевме во круг, на крајот морав да го отпуштам бидејќи не беше во можност да ми го дадет тоа што го сакав. Така во 2011 година почнав да истражувам и започнав сам да ја дизајнирам мојата куќа“, напишал Брекс на својот блог.

Брекс ја добил идејата за контејнерска куќа пред многу години. На прашањето зошто куќа од контејнери? Тој одговорил дека , идејата зад неа е прилично едноставна.

„Контејнерите за транспорт се силни, огноотпорни, долготрајни, отпорни на ураган и имаат заеднички карактеристики“, објаснува Брекс.

Сепак за човекот, кој не е професионален градител, немал сознанија за тоа што се е потребно за да ја изгради својата куќа од соништата тој бил упорен и решен да стори сé што е потребно за сепак таа да биде изградена.


Првата работа што ја направил создал 3Д скица на куќата. После долги часови поминати за да научи се за изградба на куќа од контерјнери за испорака тој успеал. Сега тој е горд сопственик на импресивна куќа од 2.500 квадратни метри.

- Реклама -