Нова туристичка понуда: Спиење со ајкули

Компанијата со седиште во Сан Франциско се здружи со француската дизајнерска фирма Уби Бене за да создаде уникатен апартман „Shark Suite“ (“Ајкула апатманот“) тој е сместен на   длабочина од 33 метри со три милиони литри вода, дом на 35 живи ајкули.

Нудејќи импресивно искуство како никој друг, ѕидот од стакло ги раздвојува гостите во коморите од еден страшен куп ајкули.

Airbnb организираше натпревар на Интернет (кој во моментов е затворен) за да одбере неколку среќници кои заедно со својата половина ќе добијат повратни билети за Градот на светлината и ќе добијат шанса да ја поминат ноќта во подводен простор кај историскиот Аквариум де Париз, кој што се наоѓа пред Ајфеловата кула.

„Ајкула апартманот“ е опремен со тркалезен кревет, неколку странични маси, ламба и полица за книги.

Од гостите ќе се бара да се придржуваат кон неколку куќни правила, вклучувајќи:

1) без селефија по зајдисонце (ајкулите се чувствителни на светлина);

2) без месечарење или ноќно капење;

3) Чување на главата и нозете во спалната соба во секое време; и

4) забранет заеднички ручек.

- Реклама -