Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, обвинета во случајот „Рекет“, бара да добива плата од државата и покрај тоа што е во притвор.
Првото барање за апанажа – надоместок на кој службениците имаат право и до 12 месеци по завршувањето на мандатот, било доставено од адвокатката на Јанева – Ирена Фрчкоска, а потоа Комисијата за прашања на изборите и именувања добила барање и лично од ексшефицата на СЈО, соопшти на денешната седница на Комисијата претседателот на истата – Илија Димовски.
Според образложението во барањето на адвокатката, законските можности не исклучуваат и не забрануваат притворени и затвopени функционери да бараат апанажа.
Како што рече Димовски, ова прашање ќе се најде на дневен ред на првата наредна седница на Комисијата за изборни прашања и именувања.