Фотографијата на Катица Јанева со 50 000 евра е веродостојна и е меѓу доказите за Рекет и потврди за ТВ24 обвинителката која ја води истрагата. За ова била направена компјутерска форензика. Толкава сума на пари претходно од банка извадил еден од осомничените во Империја.
– В.Р. Јас во истражниот тим имам компјутерски форензичар. Тоа беше негова задача дека снимката е веродостојна.
– М.Ч. Ги најдовте ли парите?
– В.Р. На кои пари мислите ?
– М.Ч. На тие што беа на снимката.
– В.Р. Не.
За случајот Рекет обвинителката Русковска разговарала и со опозицискиот лидер Мицкоски. Имало и СМС пораки и договори за средби кои не се случиле до сега.
Не е исклучено покана за распит да стигне и кај сопругот на Ременски, кој беше претходно вработен во УБК, а сега е во Агенцијата за национална безбедност, вели обвинителката. Неговото име беше поврзувано во јавноста со аферата Рекет, наводно поради повиците кои ги добивал од Јовановски кога си одел со парите од домот на Камчев и прашувал дали некој го следи. Но, вакви информации нема обвинителството. Таа смета дека осомничените биле свесни за измамата на Боки 13.
Русковска побарала притвор само за потпретседателката на Меѓународен сојуз, Јасна Мандиќ бидејќи имала хотел во Грција, па постоела можност таму да избега. Ја потврди и информацијата која пред две недели ја објави ТВ24 дека од домот на Јанева била запленета женска Луј Витон ташна. Паралелно додека ја работи истрагата за финансиска измама и чека судот да го оцени обвинението, колегите на Русковска истражуваат дали Орце Камчев и сопругата адвокатка Ана Камчева се само оштетени или направиле кривично дело давање поткуп.