Јанева си имала „Луј Витон“ со сопствените иницијали, Боки 13 имал над 260 парчиња брендирани очила, чанти, облека…

Покрај аголната гарнитура, од домот на Катица Јанева, во истрагата за „Рекет“, биле одземени три Ајфон-и со три сим картички, УСБ уреди, десктоп компјутери, лаптоп компјутери, но и чанта од брендот „Луј Витон“, на која со злато биле изгравирани иницијалите на поранешната специјална јавна обвинителка – К.Ј., дознава екипата на „КОД“ од свои извори од истрагата, пренесува „Курир“.

Во домот на Боки 13 имало, така да се изразиме, многу поголема заплена. Претресот таму траел 5 дена, а предметите биле изнесувани со камиони. Биле запленети пари, луксузен мебел, теписи, 70 пара брендирани очила, околу 120 чанти и 71 вреќа скапа брендирана облека. Запленети се и уметнички слики на познати автори, како Личеновски, Мартиновски, Коџоман и други. Повеќе прочитајте ТУКА.

- Реклама -