Караманлис разочаран од Преспанскиот: Можевме да извлечеме многу повеќе

Грција е соочена со големи предизвици, а Преспанскиот договор е еден од нив, вели поранешниот грчки премиер Костас Караманлис, пренесува „Катимерини“.

Според него, Преспанскиот е високо на скалата, заедно со прашањата за миграцијата, неподготвеноста на ЕУ да преземе водечка улога и непредвидливоста на американската политика.

Оттаму, смета Караманлис, на Грција ќе ѝ бидат потребни усогласена политика, одлучност и храброст, а властите ќе мораат да носат тешки одлуки и да ги спроведуваат доследно и дисциплинирано.

 

Што се однесува конкретно на договорот од Преспа, Караманлис смета дека Грција не успеала соодветно да го искористи преседанот кој тој го постави кога во 2008 (со поддршка од францускиот претседател Никола Саркози) го блокираше влезот на Македонија во НАТО.

„Можевме да бараме многу повеќе и да постигнеме многу повеќе“, вели поранешниот грчки премиер.

Тој додава дека Северна Макеодонија, доколку сака да стане дел од ЕУ, мора во целост да ги почитува нормите на европското однесување, европските вредности и принципите на Европската унија. Потпишувањето на Преспанскиот договор не е доволно и не значи, автоматски, влез во Унијата.

 

- Реклама -