Милошоски за германски весник: Има начини да се врати старото државно име, но едно е сигурно…

„Да се потпише важен договор без да се внимава и да се бараат строги гаранции е како да прифатите да би биде aмпyтиpaна ногата без да побарате второ мислење од лекар. Ако ја направите таа грешка, нoгaтa веќе ја нема, без оглед колку долго и силно плaчeтe по неа“, вели поранешниот министер за надворешни – Антонио Милошоски, во интервју за „Frankfurter Allgemeine Zeitung“, прашан за тоа каква ќе биде реакцијата во Македонија по блокадата на почетокот на преговорите, на која, како што истакнува весникот, Милошоски предупредил уште во кампањата што отворено ја водеше против промена на името.

„За жал, нашата влада направи токму таква грешка“, додава Милошоски. „Потпиша договор со Грција со кој Македонија направи отстапки без преседан. Нашите граѓани беа манипулирани: беа убедувани дека таков договор ќе го осигура нашето членство во ЕУ. Таква беше пропагандата пред референдумот за промена на името. Но, реалноста е дека Франција и некои други земји го гледаат европроширувањето не како приоритет, туку како товар“.

На констатацијата дека тој и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат од прв ден да го употребуваат старото државно име „Македонија“ и прашан дали ако партијата победи на изборите ќе ја поништи промената, Милошоски одговара дека постојат начини, но секој од нив е многу комплициран.

„Една можност да го вратиме старото уставно име ‘Македонија’ е нашиот Уставен суд да го поништи договорот со Грција како неважечки. Ова може да се направи врз основа на ланскиот референдум, на кој немаше мнозинство (цензус) за промена на старото име“, вели Милошоски.

„А тука се и оние членови од нашиот парламент кои гласаа за промена на името под притисок, зaкaни и yцeни, против нивната волја. Нив Специјалниот јавен обвинител или судии под контрола на власта им се зaкaнyвaa со затвop доколку не гласаат за промена на името“, додава тој. Доколку по промена на власта овие пратеници соберат храброст јавно да проговорат за тоа и да се обратат до државното обвинителство, тоа би можело да ја промени атмосферата и да го доведе во прашање двотретинското мнозинство за уставни измени, со што би можел да биде вратен стариот Устав, објаснува Милошоски.

„Што и да се случи, едно е веќе јасно: Нашите граѓани ја нарекуваат нивната земја Македонија и ќе продолжат да ја нарекуваат како што историски се навикнати и во согласност со нивното право на слобода на изразување. Наметнатите решенија нема да ја преживеат волјата на народот“, категоричен е пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Прашан дали треба да се реформира пристапниот процес на ЕУ, кој во актуелната своја форма остава многу простор за вето и блокади, Милошоски констатира дека процесот на проширување е „клинички мpтoв“.

„Следните две до три години ќе покажат дали има политичка волја во ЕУ да го оживее процесот преку реформи. На политиката на проширување на ЕУ ѝ недостига стратешка јасност. За Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија, секоја година станува сѐ потешко да продолжат да веруваат во перспективата за полноправно членство и да ги усогласуваат своите политики соодветно на тоа. Оттаму, нашите земји, на некој од следните самити на ЕУ за Западен Балкан, треба да побараат јасност во процесот. Наивни ветувања не се доволни“, вели Милошоски, додавајќи дека еден од начините за поддржување на неопходните реформи на Западен Балкан би било да му се дозволи на регионот да учествува, макар делумно, во користење на структурните фондови на ЕУ.

- Реклама -