Бурек со месо, без кори – нешто посебно а многу едноставно

Вака приготвениот бурек или пита, како сакате наречете, многу е вкусен и што е најважно многу брзо и лесно се приготвува.

Можете да го послужите топол, ама исто е многу вкусен и кога ќе излади.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

300 г мелено месо

2-3 главици кромид

4 јајца

1 шолја млеко

1 јогурт (чаша од 200 мл)

12 лажици брашно

1 прашок за печиво

сол, (јас ставив 2 лажички)

црн пипер (јас ставив 1 рамна лажичка)

масло за тепсијата

Кромидот ситно го сечкаме, па се меша со меленото месо, се додаваат јајца, јогурт, млеко и зачини. Додавајте брашно помешано со прашок за печиво и сето добро соединете го.

Смесата истурете ја во добро намастена тепсија, наубаво е во тркалезна, а вие како сакате, па ставете да се пече на 200 степени околу 45 минути.

Може да се послужи топло или ладно. Исечете на парчиња па послужете со кисело млеко или нешто по ваш вкус.

- Реклама -