Тоа што Франција токму сега се чини силно ја притиска кочницата за почеток на преговорите на земјава со Европската унија, е резултат од повеќе фактори, оценува поранешниот амбсадор на Македонија во Франција (од 2010 – 2015-та) – Агрон Буџаку, за „Фактор.мк“.
Според него, се работи за комплицирана ситуација, која тој ја сведува на три главни причини, односно аспекти. Едната е што Франција е претседателска држава па оттаму Макрон е најмоќен меѓу европските претседатели, и тоа претседател кој има јасна амбиција Франција да ја позиционира меѓу главните фактори во европската но и светската политика.
Втората, а поврзана со оваа претходно, е крајот на четвртиот мандат на Меркел и најавата дека ќе се повлече, поради што Макрон во блиска иднина се гледа себеси како главен одлучувач и главна фигура која ги држи конците во Европската унија.
Третиот аспект, според Буџаку, е внатрешната политика во Франција, во која европроширувањето е една од главните теми во една поширока смисла – не само на проширувањето на Унијата, туку и на ставот кон „другите“, односно емигрантите, неФранцузите и останатите неЕУ граѓани:
„Тој став одамна се создава, уште додека јас бев амбасадор, но сега сѐ повеќе се интензивира таа ксенофобична политика. На таа карта играат популистите, а таму Народниот фронт на Мари Ле Пен, партија што води националистичко-популистичка политика, има големо влијание и добива сѐ повеќе гласови. И за жал, лично констатирав дека во тој наратив и во таа реторика влегоа и другите мејнстрим партии, па наместо таа политика да се игнорира, секогаш е тема на избори, што се случува во услови кога главните партии немаат што да им понудат на граѓаните, пред сѐ, на економски план“, вели Буџаку. Сепак, тој е оптимист, а открива и што би било соодветна компензација ако повторно се одложи почетокот на преговори на Македонија за членство во Унијата. Прочитајте ТУКА.