Катните гаражи „Македонска фаланга“ и „Тодор Александров“ ги добија таблите со новите имиња

Деновиве се поставени таблите со новите имиња на катните гаражи „Македонска фаланга“ и „Тодор Александров“, кои беа преименувани со одлука на Советот на Град Скопје во име на вреднување на историјата и на имињата кои потекнуваат од обновата на Скопје по земјотресот, соопшти Град Скопје.

Катните гаражи беа преименувани на 21-та седница на Советот на Град Скопје, одржана на 14 ноември 2018-та година. Како што објаснија тогаш од Градот, „Македонска Фаланга“ беше преименувана во „26 Јули“ по повод 55-годишнината од земјотресот во Скопје, а „Тодор Александров“ во „Беко“, поради зачувување на урбаниот топоним кој потекнува од стоковната куќа „Беко“.

До преименувањето, меѓутоа, дојде и поради обврската од „Преспанскиот договор“, кој во себе вклучуваше и промена на имиња на неколку објекти на државни институции.

 

 

 

- Реклама -