Човекот без адреса – Груевски, во недела ќе гласа на избори

Во унгарскиот избирачки список за локалните избори во недела се наоѓа и името Никола Груевски, објави унгарскиот портал „24.hu“, додавајќи дека гласачот со тоа име е запишан во петтиот дистрикт на Будимпешта, но без конкретна адреса.

Порталот додава дека иако според податоците достапни преку избирачкиот список не може 100% да се докаже дека се работи за македонскиот експремиер и унгарски азилант, тоа јасно се гледа и од возраста, која се совпаѓа – 49 години.

На името на Груевски налетала кандидатката за градоначалник од редовите на опозицијата – Ката Туто, додека ги испраќала писмата од кампањата до сите гласачи во областа. Таа вели дека е чудно што политичкиот бегалец и пријател на премиерот Виктор Орбан ќе гласа на изборите.

 

 

- Реклама -