„Дојче веле“: Германија и Франција во судир поради ЕУ преговорите за С. Македонија

Француски дипломати денеска повторно најавиле дека планираат да го блокираат почетокот на преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија, пренесува „Дојче веле“, а објавила германската новинска агенција ДПА, повикувајќи се на дипломатски извори.

Париз не е задоволен од реформите во двете земји и тврди дека реформските напори не биле доволни, а притоа бара и фундаментални промени во процесот на пристапување како предуслов за почеток на преговорите. Како што пренесува „Дојче веле“, Франција притоа смета и дека процесот е премногу технички за да може да биде запрен штом еднаш започне и во случај да нема позитивен развој.

Ваквиот став на Париз не само што е спротивен на ставот на германската влада, туку и низа други земји-членки го пречекуваат со неодобрување и гнев, не само Германија, пишува ДПА. Останува уште само една последна шанса за менување на позицијата на Франција, а таа се вика Ангела Меркел. Прочитајте ТУКА.

Прочитајте и:  Макрон го повика Путин да се вразуми, а Кина да го притисне за деескалација... потегот на Бајден го смета за „добра одлука“
- Реклама -