Дека Бугарија отиде предалеку со поставените „црвени линии“ со кои ќе ја условува земјава при преговорите за членство во Европска унија, говори и гласната реакција меѓу македонските политичари, која овојпат е и подиректна, но и покритичка. Во низата услови, Бугарија дури и отворено го оспорува македонскиот идентитет и македонскиот јазик како посебни од бугарскиот, а реагираше и еврокомесарот Јоханес Хан. Тој итно ги повика земјите членки да не злоyпотpeбуваат процесот на преговори за решавање на билатерални прашања и порача дека тоа никаде не води.
Во меѓувреме, со своја реакција се огласи и поранешниот премиер на Република Македонија – Љубчо Георгиевски. Како што пишува тој на Фејсбук, со најновите услови и „црвени линии“ Бугарија всушност поставува ултиматум со кој се суспендираат договорите за пријателство:
„Најновиот ултиматум од Бугарската влада го доживувам како суспендирање на Декларацијата за пријателство од 1999 година и Договорот за добрососедство од 2017 година“, напиша Георгиевски.