Вазна пронајдена во кутија за чевли продадена за неверојатни 16,2 милиони евра

Кинеска вазна од 18 век, пронајдена во кутија за чевли на таванот во една куќа во Франција, таа била продадена за 16,2 милиони евра денес на аукција во Париз.

Остварената цена била 20 пати поголема од онаа со првичната проценка на вазната. Била проценета со цена од 500.000 до 700.000 евра. Ова е највисоката цена на единечен производ кој што е продаден од страна на аукциската куќа Сотби во Франција.

Вазната ја пронашло семејсво од Франција во таванот на куќата која што ја добиле како наследство. Таа се наоѓала помеѓу останатите предмети кои што биле на таванот.

„ Личноста што ја донесе вазната допатува со воз, па потоа со метро и дојде во Сотби. Влезе во мојата канцеларија со вазна која што беше спакувана во кутија за чевли и заштитена со весници“, изјави азискиот експерт за уметност Оливије Валмер за Ројтерс.

„Кога таа ја стави кутијата на мојата маса и кога ја отворивме, се зачудивме од нејзината убавина“, рече Валмер.

Вазната од 30 сантиметри, била насликана во нежни нијанси на зелена, сина, жолта и розова боја, и добро сочуван примерок направен за императорот на династијата Џинг.

Според портпаролката на Сотби, сопствениците знаеле дека вазната има одредена вредност, но не претпоставуавале дека нејзината цена е толку голема. Исто така не очекувале дека оваа вазна потекнува од 18-от век и дека припаѓала на династијата Џинг.

Аукцијата траела 20 минути, што е навистина долго за таков вид на продажба, а причината била големата заинтересираност. Купувачот бил од Азија, но Сотби не сака да го открие неговиот идентитет.

 

 

 

- Реклама -