Груби: Цената на Законот за јазици е неспоредлива со цената на мирот и меѓуетничките односи

Иако според ВМРО-ДПМНЕ забелешките изнесени во нацрт-мислењето на Венецијанската комисија за Законот за јазици се правен шaмap за Владата, а самиот закон е политички и не ги унапредува јазичните права, за Артан Груби нема дилема дека посочените недостатоци на Законот од страна на Комисијата се цена која вреди да се плати.

Според толкувањето на Груби, забелешките во оваа верзија на нацрт-мислењето, кое официјално ќе биде објавено на 17 октомври, а од кои дел пренесе „Плусинфо“, се однесуваат „само“ на чинењето  и имплементацијата на Законот за употреба на јазиците, а не и на неговата суштина – да ги унапреди јазичните права. Напротив, Комисијата ги поздравува унапредените јазични права и дава позитивно мислење за употребата на албанскиот јазик кај партиите и униформите, смета Груби.

Прочитајте и:  Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се хистерични

Од друга страна, „цената на мирот, еднаквоста и меѓуетничките односи, е неспроведлива со симболичната цена на имплементација на еден закон со кој всушност се заокружува Охридскиот договор“, оцени тој, откако претходно истакна дека какво и да е мислењето на Венецијанската комисија, кога ќе биде официјално претставено, тие ќе го почитуваат.

- Реклама -