Една година по референдумот направивме тектонски промени

За една година по референдумот направивме тектонски промени, изјави вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска.

– Успеавме да го заземеме нашето место на сојузничката маса. Сите се согласуваат дека пораката од ЕУ ќе биде позитивна. Нашето пристапување во НАТО ни создава поголем број на политички релации кои може да ги искористиме на ЕУ план, изјави Шекеринска за емисијата „Двесте“ на ТВ Алсат.

Шекеринска изјавата за „тектонските промени“ ја објави на Фејсбук, како најава за емисијата што ќе се емитува вечерва и во која пошироко ќе елаборира за плодовите кои граѓаните ги уживаат од „тектонските промени“.

- Реклама -