Газдите против минимална плата над 14.000 денари

Минималец од 14.000 денари е црвена линија која не смее да се надмине. Но прво да заживее мерката субвенционирање на придонесите, па потоа да се зголеми минималната плата. Ова е ставот на Организацијата на работодавачи ,кои велат дека и со оваа сума, дел од фирмите ќе имаат проблем, но е далеку поприфатлива отколку ветувањето на премиерот за 15.16.000 денари минималец до 2020 година. Признаваат дека имале притисоци од владата за покачување на платите,но без субвенционирање на придонесите, зголемувањето не е можно.

Од друга страна сме свесни дека зголемувањето на платите е поради недостигот на работна сила, но дел од фирмите, особено во трудо интензивните дејности се најдоа во една незгодна ситуација, бидејќи немаат моќ, ниските цени што ги добиваат од странство и продуктивноста што ја имаат,не им дозволува некое драстично зголемување на платите. Ова ќе беше страшна мерка, ако не се воведеше субвенционирање на придонесите за зголемување на платите, изјави Ангел Димитров, претседател на Организација на работодавачи.

Синдикатот и владата се согласни за минималец од 14 илјади денари, но дел од работодавачите не прифаќале, затоа што финансискиот товар би бил превисок и ќе морале да стават клуч на врата. Сега Димитров вели, ако мерката за субвенционирање, каде владата ќе го плати пензиското и здравствено осигурување, освен персоналецот, стартува од 1 октомври, работниците би добиле повисок минималец со ноемвриската исплата.

Тоa значи од 10 до 15 декември , кога се исплаќа ноемвриската плата, вработените ќе имаат зголемена минимална плата, додава Димитров

Ветувањето на владата е постепено зголемување на минималата плата до крајот на мандатот,односно до наредната година на 16,000 денари. Инаку, во моментов најнисика минимална плата од 210 евра има кај нас и во Албанија.

- Реклама -