Хан: Препознавањето на прогресот е клучно за кредибилитетот на ЕУ

По гласањето во германскиот Бундестаг, каде со убедливо мнозинство германските пратеници поддржаа земјава во октомври да добие датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија, задоволен беше и еврокомесарот за проширување и добрососедска политика – Јоханес Хан.

На Твитер, тој срдечно ја поздрави одлуката на Бундестагот за Северна Македонија и Албанија, но порача и, меѓу редови, дека позитивна одлука е потребна и во октомври од земјите членки:

„Препознавањето и потврдата на конкретниот прогрес се клучни за да служат за поттик за реформи на Западниот Балкан, но (се клучни) и за кредибилитетот на ЕУ!“, порача Хан.

- Реклама -