Само прашање на време беше кога ќе се сврти против актуелната власт (можеби затоа што нешто не му исполниле, или нешто не му исплатиле или пак ВМРО-ДПМНЕ нешто му открило, пишува на Фејсбук професорката Мирјана Најчевска за поранешнито разузнавач Зоран Верушевски, кој кажа дека „бомбите“ биле носени во СДСМ.
„Со Верушевски се занимававме во време кога бев дел од Хелсиншкиот комитет. Тој беше еден од оние функционери кои ги идентификуваше Хелсиншкиот комитет како валкани и кои беа лица од интерес за комитетот заради својата недопирливост и неказнивост. Само прашање на време беше кога ќе се сврти против актуелната власт (можеби затоа што нешто не му исполниле, или нешто не му исплатиле или пак ВМРО-ДПМНЕ нешто му открило? Не знам.). Она што со сигурност можам да го тврдам е дека тој нема да биде последен. Заев се опкружи со криминални структури останати од ВМРО-ДПМНЕ, свои квази- пријатели и квази-лојални послушници кои само чекаат да му забијат нож во грб. Лично мислам дека Заев не покажа соодветен политички њух и наместо околу себе да го собере интелектуалниот крем на државата, тој го собра турбо-фолкот на државата. Не ВМРО-ДПМНЕ, не ДУИ, туку таа турбо-фолк багра ќе го симне од власт. Штета. Заборавив, впрочем мислам дека Анѓушев мора да биде отстранет од Владата“, пишува Најчевска.