Реклама за Microsoft Surface која ќе сакате да ја гледате неколку пати

Microsoft ги најави новите Surface таблети кои ќе почне да ги продава кон крајот на октомври. Овој уред е директна конкуренција на iPad таблетот на Apple и ќе се продава во неколку модели.

32GB верзија на таблетот ќе чини $499, додека дополнителната тач тастатура/покривка ќе чини уште дополнителни $100. Моделот од 64GB со покривка има цена од $699.

Она што веќе оди на телевизиите во Америка е оваа извонредна реклама, со одлична кореографија и потези кои ќе сакате да ги гледате повеќе пати.

{youtube}8mSckyoAMHg{/youtube}

Една работа меѓутоа останува нејасна за обичниот потрошувач: Дали ова е таблет или лаптоп? Microsoft можеле и подобро да ги потенцираат предностите на Surface ако сакаат да тргнат по недопирливиот (во удел на пазарот) iPad.

Прочитајте и:  Трик-прашање за вработување во „Мајкрософт“

[Microsoft Surface tablet goes on sale for $499]

- Реклама -