Ексразузнавачот Верушевски да даде толкување на својот исказ. Само тој може да објасни што сакал да каже со сведочењето во Таргет Тврдина дека по неговото одење во притвор за случајот Пуч, материјалите доживеале стравотна модификација и компромитирање велат поранешните обвинители од СЈО Фатиме Фетаи.
– Се работи за исказ кој се уште не е довршен. Верушевски минатиот пат беше испрашуван директно само од страна на обвинителството, па допрва следува негово вкрстено испрашување од одбраната. На крај, Судот си има право да поставува прашања од појаснувачки карактер. Во врска со неговата изјава дека материјалите претрпеле некоја модификација, Фетаи рече дека толкување односно појаснување за тоа што сакал да каже сведокот, може да даде само тој рече Фетаи.
Фетаи е децидна дека бомбите се автентични и било какви сведочења од тој аспект не можат да влијаат врз доказите и понатамошниот тек на предметите
– Пред да почнеме со нормално функционирање, имаше само некои изјави на ТВ дека материјалите се сечени, лепени и монтирани, меѓутоа никој досега не го кажал тоа во судница. Од друга страна се работи за материјали, докази кои не се изолирани докази во нашата постапки. Тие си наоѓаат поткрепа и во материјални и во вербални докази и сето тоа ја потврдува нивната автентичност, рече Фетаи
Верушевски барем за сега не ги коменитра реакциите и анализите во јавноста кои прозилегоа по неговото сведочење, а одат од тоа дека прави штета на клучниот предмет за масовното прислушување поради кое беше формирано СЈО, па се до шпекулации дека постојат партиски пазарења а неговите релации со премиерот чиј советник е и со партискиот врв како советникот на премиерот, кој има и функција и во СДСМ со партискиот врв не се влошени.
Верушевски сведочеше дека бомбите завршувале во СДСМ а не лично кај него, што ако се чита буквално отстапува и од обвинението на СЈО и од исказот на свиркачот Лазаревски. Дополнително Верушевски потенцираше дека со Лазаревски не комуницира неколку години затоа што дал невиситнит исказ за него и за сопругата.
Лазаревски денеска во краток телефонски разговор за Телма вели дека нема да ја коментира изјавата на Верушевски. Се што имал да каже, кажал пред судот каде сведочеше на неколку рочишта.
Верушевски даваше исказ и во истрагата за предметот Таргет Тврдина на 13 јуни 2017 во ист ден со премиерот Заев со кого заедно седеа и на обивнителна клупа во предметот Пуч кој го покрена обивнителството предводено од Марко Зврлевски за потоа СЈо да го преземе и да формир нов предмет за прислушувањето каде обвинети се екс шефот на тајната полиција Мијалков, ексминистерката за внатрешни Јанкуловска и други вработени во УБК.
Телма.мк