Колбе: Вистинската величина на регионот Македонија

Колумна на Кица Колбе, за „Дојче веле“

Првпат купив овошна салата со име „Македонија“ пред петнаесет години. Во едно лето во Италија, во супермаркет близу до градот Арецо. Овошна салата со името на земјата од која потекнувам, тоа ми причини задоволство. Ја знаев метафората за Балканот – „буре барут“. За Македонија – „јаболко на раздорот“. Ама оваа метафора, кулинарската, ми ја разбранува фантазијата. Се прашав, што била причината за тоа. Дали мешавината на различни овошја во салатата го отсликува клишето за Македонија? За неа на Западот често се истакнува дека е мешавина од повеќе народи и народности. Попладнето разговарав за тоа со пријателката кај која престојувавме. Таа е стара писателка со италијанско – германско потекло. „Салатата ’Македонија’ е многу вкусна. Би сакала да живеам во земја чие име симболизира овошна салата. Овошјето храни, војсководачите убиваат“, се насмеа таа.

„Рецептот“ за мирољубивата политика

И покрај повторувањето на војните, балканските народи уште се далеку од тоа сознание. Тоа, пак, западноевропските народи по двете големи светски војни ги натера да ги преиспитаат своите национални доктрини. За да станат свесни што, всушност, е величината на континентот Европа. Дотогаш секоја национална држава великоста си ја припишуваше само себеси. А тоа беше можно единствено во непријателство кон соседите. Кога сфатија дека Европа е нешто многу поголемо од величината на секоја нација. Кога сфатија дека нивната припадност на Европа може да стане обединувачка идеја, западноевропските народи, конечно, го најдоа „рецептот“ за мирољубивата политика. Имено, само во мир и соработка сите учесници имаат величина и достоинство. Затоа што стануваат способни да се прифатат во својата различност. Затоа што сознаваат дека има нешта кои не може да припаѓаат само на еден од нив. Така откриваат дека минатото ги обединува… Целата колумна прочитајте ја ТУКА.

- Реклама -