ВИДЕО: Боки 13 донесен на прв распит кај Вилма Русковска

По две продолжувања на мерката, односно по 70 дена поминати во притвор од неговото апсење, Бојан Јовановски – првоосомничен во случајот „Рекет“, денеска за првпат беше повикан на распит кај Вилма Русковска во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Во Обвинителството Боки 13 беше донесен напладне, со полициско возило директно од истражниот затвор во Шутка, со лисици и полициска придружба, но елегантен и горд како и секогаш. Пред него во Обвинителството пристигна и неговиот адвокат – Сашо Дуковски.

Јовановски ќе треба да одговори на низа прашања, меѓу кои и каде се парите од торбата „Луј Витон“ полна со 1 милион евра, со која Јовановски и второосомничениот Зоран Милески – Кичеец го напуштаат домот на бизнисменот Орце Камчев на снимката што ја објави италијанскиот „Ла Верита“. Боки се товари за две дела: „примање награда за противзаконито влијание“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.

При пристигнувањето и влезот, Јовановски беше уловен од објективите на „а1он“ и „тв21“. Видеата можете да ги погледнете ТУКА и ТУКА.

Утре на распит е повикана и третоосомничената, доскорешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева. Тоа ќе ѝ биде прво соочување со Русковска откако беше притворена.

- Реклама -