Како пропадна големиот експеримент на Тесла

Во почетокот на 20 век, Тесла станува позната по својата работа на наизменичната струја, но имаше и други големи идеи. Никола Тесла изгради џиновска кула за испраќање електрична енергија низ целиот свет. Сепак, работите не одеа како што тој планираше.

Кулата била висока 57 метри. Основата била од дрво, а на џиновската кула на самиот врв се ноѓала топка со пречник од 20 метри, која била направена од челик. Под земјата, се зборувало дека има тунели и систм од железни корени кои биле длабоко во земјата. Никола Тесла верувал дека кулата е само почеток на цел таков систем кој што би овозможувал да се испорачува струја, без жици, низ целиот свет.

Во својата лабораторија во Колорадо, тој работел на експеримент за безжичен пренос, обидувајќи се да испрати електрична енергија преку земјата. Тешко е да се извлечат заклучоци од неговите белешки за оваа работа. Но, се чини дека тој имал успех во барем една ситуација. На крајот, тој се вратил на Исток убеден дека може да ја спроведе оваа идеја во реалност, во многу поголеми размери.

Тесла обезбедил подршка од 150.000 долари од Џ.П.Морган. Инвеститор кој бил најмногу заинтересиран за бежичната комуникација. Гуљелмо Маркони, италијански пронаоѓач, во тоа време го измислил бежичниот телеграф, со кој можело да се праќаат пораки од бродвите назад до копното. Но, Тесла имал поголеми идеи.

Изградбата започнала во 1901 година во Лонг Ајледн, место кое што сега е познато како кулата Варденклиф. Тесла замислувал дека оваа кула ќе биде почетот и дека најмалку уште 30 кули ќе бидат изградени ширум светот. Верувал со помош на кулите ќе биде во можност да испраќа струја низ атмосферата ширум светот. И оваа струја би можел да ја користи секој кој што би имал соодветна функционална опрема. Електичната енергија би била сеприсутна и би направил целиот свет да биде посветол.

Сепак оваа идеја никогаш не би успеала: научните теории кој што го подржувале сонот на Тесла подоцна биле раздвоени. Електирчната енергија може да се пренесува низ воздух, ама количеството на моќност кое што било потребно за испраќање го прави овој систем не практичен. Дури и да се обидел, на Тесла му биле потребни дополнителни пари, кој што Морган не сакал да ги обезбеди. Имало известување за искри кои што летале над самата кула, ама металната топка и понатаму стоела таму од некоја мистериозна причина.

Бидејќи финасиската помош престанала, Тесла морал да го заложи целиот свој имот за на крај како што се зголемувале трошоците, тој изгубил се. Новиот сопственик во 1917 година  решил да ја уништи кулата со динамит и да ја претвори во метален отпад. По првата експлозија кулата се накривила кон земјата, а потоа работниците и целосно ја срушиле.

 

- Реклама -