.Една Британка поради преголемото загадување од пластичен отпад си дала предизвик дека во рок од енда година, неделно ќе чисти по една плажа. Овој предизвик си го задала во 2018-та. За таа цел таа ги ангажирала своите внуци па потоа и целиот град и успеала.
Пат Смит, 70-годишна баба од Корнвол, Велика Британија, е свесна за проблемот со загадувањето на планетите и дава се од себе за да помогне во решавањето на проблемот.
Откако погледнала документарен филм за загадувањето предизивкано од пластичен отпад, таа многу се загрижила. Одлучила дека треба нешто да превземе па си поставила предизвик за тогашната претстојна 2018 година – да исчисти една плажа неделно.
Луѓето од нејзиниот град ја поддржале идејата, а таа заедно со волонтерите и нејзините внуци расчистиле 52 плажи во Корнвол за да го исполни својот предизвик. Но, тоа не е крај на приказната, Пат ја продолжила својата мисија да го направи светот подобро место.
Таа, исто така, започнала кампања наречена „Последната сламка“, чија цел е да се подигне свеста за бескорисноста и штетноста на пластичните сламки, така што нејзиниот град и остатокот од светот да престанат да ги користат.
Сламките се одличен пример за целосно непотребна пластика за еднократна употреба. Целата пластика завршува во депониите и океаните, убивајќи го морскиот живот. Секоја пластична сламка ќе го надживее секој човек кој во моментнов живее на планетата.
Ние сме одговорни за нашата планета, а Пат Смит е вистинскиот доказ дека секогаш постои начин да можеме да придонесеме за промена на ситуацијата на подобро, пренесува Bright Side.