Пчелите опрашуваат дури 60 проценти од снабдувањето со храна, а кога би исчезнале би дошло до големи економски и прехрамбени катастрофи. Од 1972 година дивите пчели во САД се намалиле за 80 проценти, а домашните за 60 проценти.
Алберт Ајншајн кажал пчелите се индикаторска врска. Нивното исчезнување би значело дека се соочуваме со изумирање, поради тоа биолозите навистина се плашат. Истакува во својата книга Кенет Ејд, автор на книгата „Благословете ги пчелите: Во исчекуање на истребување на нашите опрашувачи и што можеме да сториме да го спречиме тоа.“
Тоа би било шесто масовно истребување во историјата. Пчелите се одговорни за опрашување на 60% од снабдувањето со храна во светот и 90% од сите цветни растенија. Без нив, луѓето би се соочиле со гладување. Без пчели, ќе има прехрамбена и економска катастрофа на глобално ниво.
„од 1972 година дивите пчели во САД се намалиле за 80 проценти, а домашните за 60 проценти. Епидемијата меѓу пчелите се нарекува нарупување на колапс во колониите.“ напоминува авторот и додава дека како можни причинители да бидат паразитите, намалување на разноврсните диви цветови, инсектициди и генетски модифицираната храна, коа што создава синтетички пеститциди, кои што доведува до изумирање на пчелите и нивните живеалишта.
Пчеларската пракса, како што е употребата на антибиотици, пренесување на кошниците на далични места за опрашување, хранење со сируп од пченка со висок процент на фруктоца, како и изложеност на пчелите ан електромагнетни зрачења, исто така би можеле да бидат причинители. Сè уште не се знае кој е одговорен дали поединечни причинители или нивна комбинација.
„Исчезнувањето на пчелите и нивните колонии не може да се занемари и треба да се направи истражување за да се откријат причините за нивното истребување“, заклучува тој.