Македонец се обидел да шверцува предмети стари над 2.000 години (ФОТО)

На прашањето од царинскиот службеник дали има нешто да пријави, возачот одговорил дека со себе носи само лични предмети

На граничниот премин Прешево во Србија бил спречен обид за шверц на антички предмети стари над 2000 години, што ги пронашле цариниците во соработка со полицијата кај македонски државјанин.

„Случајот беше откриен во вторникот во раните попладневни часови кога дежурен цариник и полицаец на влезот во земјата решија да извршат увид на возилото со италијанска регистарска табличка управувана од 54-годишен македонски државјанин“, соопшти српската Царинска управа.

На прашањето од царинскиот службеник дали има што да пријави, возачот одговорил дека со себе носи само лични предмети.

„Сепак, наскоро беше откриено дека имало и 7 камени предмети со археолошка вредност на задното седиште, во лична торба со лични работи. Станува збор за 5 предмети изработени од жолто-кафен килибар и два мермерни предмети  на жена, маж и коњ, изработени во техниката на резба на дрво, како и еден камен сад во форма на вазна “, велат од Царинската управа.

фигурите тежеле помеѓу 300 и 400 грама, додека најмногу изразито стилизирана претставувала главата на мажот и бистата со нагласени делови (очи, нос, уста, коса и гради) фигура која тежела 2.5 килограми.

Возачот на службените лица има кажал дека предметите ги добил од пријател, кои што ги открил во близина на Струмица и целта му била да ги понесе во Италија каде што живеел за да, го украсат неговиот дом.

Бидејќи станува збор за антички предмети чија старост и вредност можат да се утврдат само со стручно вештачење, бил консултиран Одделот за археологија на Националниот музеј во Врање, кој потврдиле дека се работи за предмети од  хеленистичка ера и дека тие предмети се стари околу 2.500 години.

„Бидејќи станува збор за странски државјанин, Пркршочниот суд во Прешево, под итна постапка донесе одлкуа патникот кој пробал да шверцува антички предмети да биде казнет со парична казна, а бидејќи вредноста на прекршокот надминува една третина од вредноста на возилото во кое се пронајдени артиклите, е задржан автомобилот „Голф 3 караван“. Пресудата, исто така, донесе одлука дека предметите треба трајно да бидат конфискувани и предадени на Националниот музеј во Врање “, соопшти Царинската управа на Србија.

 

 

- Реклама -