Сосема случајно откриено најголемото богатство на дното на морето

Потонат брод пронајден во Турција кој што пренесувал 20 тони скапоцен товоар, а случајно го пронашол нуркач кој што барал морски сунѓери.

Улубрун е 3300 години стар потонат брод откриен на крајбрежјето во Улубрун, во близина на Каша во југозападна Турција. Тоа е еден од најстарите потонати бродови некогаш откриени, а содржи еден од најбогатите и најголемите колекции од доцната Бронзена зона пронајдена на Медитеранот. Бродот носел 20 тони терет, а се претпоставува дека се било од кралско потекло. Вкупно се пронајдени 18000 спектакуларни артефакти, вклучувајќи и бесценети камења, луксузни сурови материјали, па и златен печат на египетската кралица Нефретити.

Улубурун првпат го открил нуркачот Мехмет Чакар сосема случајно во 1982 год додека бил во потрага на морски сунѓери. Воочил необични остатоци на стрмна карпеста падина на длабочина од 44 до 52 метри, додека артефактите биле расфрлани на длабочина до 61 метар. Вадењето на атефактите било комплексна задача, таа била спроведена од Инститиутот за нуркачка археологија во период од 1984г до 1992 год, опфаќајки неверојатни 22.413 нурнувања во морето.

Неверојатно богатство на култури

Самиот брод е долг 15 метри и е еден од најраните примери на бродот каде што даските биле прицвртувани со дрвени клинови вметнати во жлебовите на исечените даски. Дрвото е либански кедар, а бродот носел стока со потекло од дури седум различни култури, вклучувајќи микенска, сириско-палестинска (претходник на Феникин), кипарска, египетска, каситска, асирска и нубијанса.

Главниот товар бил  кипарскиот бакар, а Улубурун ги содржел и најраните познати стаклени чаши, кои биле обоени во кобалт-сина, тиркизна и лаванда.

Други сировини кои што биле пронајдени била терпентин смола со чија што дестилација се до добива терпентин, египетски трупци од ебовина, ноеви јајца, слонови коски, заби од носорог, школки од желка и слични предмети. Пронајдени биле и лукзусни предмети како што биле египетски предмети од злато, сребро и камен, накит од Ханаанци – илјадници мониста направени од стакло, агат, кварц и килибар, ситно изработени фигурини, вклучувајќи и бронзена женска статуа, делумно обложена со злато, кутии за накит изработени од слонова коска. дрвени табли за пишување …

Артефактите сугерираат дека доцниот бронзен период на Егејот бил дел од меѓународната мрежа за трговија, која можеби се засновала на размена со Блискиот исток. Во секој случај, Улубурн се смета за еден од најважните и фасцинантни морски бродоломи досега откриени, обезбедувајќи им на археолозите изобилство со информации за античкото општество и култура низ Медитеранот.

 

- Реклама -