Денес започнува протестот на здравствените работници

Денес во 11 часот ќе се одржи протест на задравствените работиници под мотото „Доста е! Стоп за насилството врз здравствените работници“. Организатор на овој протест е Асоцијацијата на млади лекари специјализанти, а подршка дадоа Синдикатот на Клинички центар и други здруженија на здравствени работници и министерот за здравство Венко Филипче.

Здравствените работници ќе излезат на протест поради неодамнешните напади во неколку здравствени установи и поради зачестеност на ваквите напади.

Протестот ќе се одржи на повеќе локации: Клинички центар на Хелиодром, пред ГОБ 8-ми Септември, пред Старата Градска болница, пред поликлиники и Здравствени домови, пред ординации, пунктови. Протестот ќе се одржи за време паузата поточно од 11 до 11.30 часот.

 

Во изминатите 9 месеци се случиле повеќе од 15 случаи на напад врз здравствени работници.

Повеќе ТУКА.

 

- Реклама -