Студенти на испит носеле кутии за да не препишуваат

 

Професор од Мексико, Луис Хуарез Тексис ги натерал својте студенти на испит да носат кутии на глава за да не препишуваат во текот на испитот.

Фотографијата која што е сликана за време на испитот предизвикала голема реакција како во Мексико така и на сите друштвени мрежи ширум светот.

„Тоа е понижувачки. Тој професор  нашите деца физички и психички ги злоставува“- тврдат родители на некои студенти. Тие бараат од федералната државна власт и институциите веднаш да се отупушти од работа Луис Хуарез Тексис и да се осигураат правата на сдудентите.

 

Но, има и такви родители кои ја подржуваат постапката на професорот.

„Професорот завршил одлична работа и не ги повредил студентите на кој било начин. Родителите треба да се грижат повеќе за своите деца да учат отколку да се лутат за кутиите“, велат оние кои ги сакаат методите кои што професорот ги искористил на испитот.

На слична идеа дошле и професори од Тајланд во 2013 година. Ученици во текот на испит носеле шлем од хартија. Целта била да не можат да препишуваат од ученикот кој што седел до нив. Пренесува потралот „OditiCentral“.

 

- Реклама -