Првиот пловечки нуклеарен реактор во светот, кој Русија го изгради и покрај предупредувањата од страна на активистите за животна средина, успеа да пристигне на својата цел. Тој во саботата пристигнал на пристаништето на еден изолиран руски град кој што се наоѓа во близина на Алјаска.Објави руската државна нуклеарна компанија Росатом.
Реакторот именуван „Академик Ломоносов“, тргна на 5.000 километри патување на 23 август низ водите на Арктикот кон северо-источен Сибир.
Нуклеарната агенција „Росатом“ тврди дека реакторот е поедноставна алтернатива за изградба на конвенционална копнена нуклеарна централа, што е замрзната во текот на целата година и треба да започне со работа до крајот на годината.
Реакторот „Академик Ломоносов“ кој е долг 144 метри, започнал со работа уште во 2006 год во Санкт Петербург.
Целта на овој реактор е да ја замени нуклеарната локална централа и термоцентралата која е веќе затворена, а се наоѓа во Певек, град со 5.000 луѓе во сибирскиот регион Чукотка.
Нуклеарната индустрија развива помали и поевтини реактори за привлекување нови клиенти, и тие можат да работат нон-стоп за три до пет години, без додавање на гориво.
Следуваат и примери на подморници, кршачи на мраз и носачи на авиони, кои користат нуклеарна енергија и се наменети за изолирани области со лоша инфраструктура.