Изграден е хотел во Пингјанг кој нуди совршен поглед на недопрената природа на Кина.
Хотелот „Eagle Rock Cliffs“ е скоро целосно скриен во природата и се состои од три посебни структури. Ова е трета фаза од проектот што има за цел да го направи луксузниот комплекс да биде далеку од погледите на јавноста.
Првиот дел од комплексот е Дингуи, тоа е најголемата зграда која се состои од луксузни апартмани лоцирани на сртот на планината.
Јаншанг е округла зграда во која се семестени хотелските соби, а докека Зијах е простор кој што се наоѓа на отворено и тој е наменет за венчавки, деловни конференции и слични настани.
Зградата Дингиху има и базен долг 122 метри кој е сместен на самата терасата, кој на гостите им нуди зачудувачки погледи на неверојатната глетка на природата која го опкружува хотелот.
Овој комплекс има едноставен дизајн и природни материјали како што се камен и дрво што се мешаат помеѓу реките и ридовите покриени со бамбус шуми.