Под Антарктикот пронајдено „Ледено Кралство“

Огромна „изгубена“ ледена пештера на три ката, огромна сала, 200 метри ходници,  неколку езера и река, беа откриени од поларните истражувачи на Јужниот пол.

Мистериозна пештера е пронајдена на островот Галиндез, каде истражувачи од украинската Антарктичка експедиција (ОАЕ) го поставиле своето седиште.

Истражувачите знаеле за еден од влезовите кој што се  наоѓал на спротивната страна на островот од оној каде што во моментот е стационирана  крајбрежната станица. Сепак, пред неколку години влезот бил блокиран поради померувањето на  блискиот глечер.

Тимот постојано бил во потрага по друг влез и нивниот труд вложил со резултати,  тие успеале да пронајдат влез кај старата британска станица. Но, кога членовите на експедицијата успеале да влезат во пештерата откриле дека таа е трипати поголема од она што порано се претпоставувало.

На долниот кат од прекрасната пештера, тимот пронашол заледено езеро и огромно лоби со височина 12 метри, широко 8 и долго 30 метри.

На сите три ката се наоѓаат околу 200 метри помали ходници, а тимот исто така открил и заледена река, како и пердув од птица во леден блок кој што се наоѓал 20 метри под површината. Пердувот бил пратен на понатамошни испитувања во Украина.

 

- Реклама -