Десет вештини кој полека ги забораваме, а за тоа се виновни модерните технологии

Постојат некои вештини кој полека но сигурно ги забораваме од проста причина што се повеќе се навикнуваме на разни гаџети и апликации кои ги заменуваат вообичаените активности.

1. Помнење на телефонски броеви

– Пребарување низ телефонскиот именик или барање на лист хартија како би можеле да запишеме некој број кој што некој ни го диктира во денешно време можеме да кажеме дека е тоа минато. Некогаш телефонските броеви се трудевме да ги запомниме и секогаш ги иамавме во „малиот прст“, а сега сите тие броеви и многу други ни се достапни само со еден клик на мобилниот телефон.

2. Броење на банкноти

– Со сите можни кредитни картички и интернет банкарство, денес се помалку се соочуваме со снопови банкноти кои треба да ги преброиме  за да платиме за нешто. Вештината за брзо броење и проверуавње на банкнотите низ нашите прсти наскоро може да стане потполно незамисливо.

3. Пресметување „од глава“

– Покрај тоа што се помалку се сеќаваат на телефонските броеви, луѓето исто така се помалку и додаваат, одземаат, множат и раздвојуваат без помош на гаџети, без разлика дали станува збор за класичен  калкулатор или оној достапен на компјутер или на мобилниот телефон.

4. Развивање фотографии

– До пред неколку години, за да развием фотографии ги носевме во фото-студио , а потоа сите тие фотографии ги прикачувавме во албуми. Денес, сите наши фотографии, стотици од нив, се на едно место и се достапни за нас со еден клик.

5.Снаодливост на мапи при патување 

– Денес кога патуваме, можеби никога нема да можеме да  видиме луѓе покрај автопатот, кои се обидуваат да дознаат каде се и каде одат застанати и со раширени мапи врз својте автомобили. Денес, навигацијата по патиштата во светот се олеснува со употреба на GPS и Google Maps, и нема страв дека ќе се изгубиме.

6. Учење од енциклопедија

– Порано со гордост покажувавме на  колекциите на енциклопедии кој што ги чувавме  на полиците и ги користиевме  кога пишувавме есеи  или баравме информации за на училиште, додека денес целото знаење за светот е достапно за нас на Интернет.

7. Учење на јазик

– во минатото се велеше, колку повеќе јазици знаеш толку повќе вредиш. Но, во денешно време и знаењето на јазици е олеснето на тој начин што постојат слушалки кој што веднаш ни дава превод на она што го слушаме. Па можеме да кажеме дека за неколку години и нема да мораме да имаме познавање од ниту еден странски јазик.

8. Гледање на часовник

– се помалку луѓе носат рачен часовник, најчесто кога сакаме да погледнеме колку е часот тоа го правиме со помош на нашиот мобилен телефон. Може да се каже дека некои деца никогаш нема да научат да гледаат на класичен часовник со стрелки, за да можат да видат колку е часот.

 

 

9. Пишување писма

– Е-поштата може целосно да ги замени класичните коверти и писма упатени до некое лице, наместо класично испраќање на писма сега се користиме со испраќање писма во виртуелна адреса.

10. Ракопис

– Сигурно сте забележале дека вашиот ракопис е влошен, често имате потешкотии да го прочитате и она што сами сте го напишале. Како што се развиваше брзината на пишување на тастатурата, скоро целосно заборавивме на белиот лист хартија и пенкало во рака.

- Реклама -