Филмот „The Joker“ го освои златниот лав на филмскиот фестивал во Венеција

На филмскиот фестивал во Венеција златниот лав го освои филмот „Џокер“ со главна улога на Хоакин Феникс.

Исклучителна даматична акција за комичниот негативец од режисерската палка на Тод Филипс. Многумина веруваат дека овој филм ќе влезе во трката за Оскар.

Приказната го следи животот на Артур Флек, неуспешен комичар кој се соочува со насилство додека се движи низ Готам Сити облечен како кловн.

Флек полека полудува и полека се претвара во познатиот Џокер од Бетмен.

Според бројните коментари, Феникс во главната улога му дава на негативецот на Готам ново лице. Овој лик претходно го играа Џерет Лето во „Самоубиствен одред“ и Хит Леџер во „Темен витез“.

Филмскиот фестивал во Венеција, најстариот филмски фестивал во светот, се одржа од 28 август до 7 септември годинава.

- Реклама -