Убавите градови на Полска, неправедно запоставени (Галерија)

Полска е земја со богата историја, но денес е земја која треба да се наведе како дестинација за посета. Градовите се преродија, па дури и имаат и што да понудат.

Покрај Варшава и Краков, кои веќе долго време се добро познати туристички дестинации, треба да се запознаете и со другите убави градови во Полска.

Гдањск

Стариот град во Гдањск изгледа како да е изграден од куќи од ѓумбир. Строгите средновековни градски куќи го украсуваат центарот на градот, овој град некогаш бил моќно трговско пристаниште.

Секоја куќа била во сопствност на некој од тогашните богати трговци, а фасадите ја отслкувале стоката со која што тргувал. Од поновата историја страдањето на Евреите во Втората светска војна, па сè до работничкото востание и движењето Солидарност, кое се шири од целото пристаниште во тој град па низ цела Полска.

Главната атракција на градот, покрај Стариот град и пристаништето, е музејот на Втората светска војна. Недалеку од Гдањск, на север долж Балтичкото Море, е Сопот, омиленото и најпопуларното приморско одморалиште во Полска, со широки и долги песочни плажи.

Лоѓ

Индустрискиот град, трет по големина во Полска, не бил секогаш на списокот на најубавите градови, но со современ пост-социјалистички развој успеал да стане едно од најживописните места. Станува центар на алтернативна култура, бизнис и финансии.

Некогашните монументални фабрики од текстилната индустрија денес се претворени во галерии, центри на заедницата, музеи, простории за конференции и луксузни индустриски апартмани.

Иако бил прилично руиниран за време на социјализмот, градот успеал да го зачува своето навистина импресивно и богато архитектонско наследство. Куќи и згради што во минатото биле изградени од богати индустријалци, сепак се уште е украс на градот, што е дефинитивно вистинско откритие.

Вроцлав

Шарениот Вроцлав е тешко да не се сака. Многумина го сметаат овој град, како прекрасн стар готски град, како најубав град во Полска. Најдобро ќе ја видите убавината на Стариот град  доколку се искачите на врвот на кулата на катедралата Свети Јован.

Градот е познат по стотиците џуџести фигури кои се вистинска туристичка атракција. Недалеку од градот, на југ, е една од најубавите природни атракции на Полска. Карпеста формација  рамките на Националниот парк Столова.

Торун 

Торун е град со карактеристична архитектура. Се смета за бисер меѓу полските градови благодарение на готската архитектура на црвени цигли. Тој ја преживеал Втората светска војна скоро недопрен. Поради својата извонредна архитектура и прекрасната мешавина на готски, барокен и маниризам, УНЕСКО го поставил Стариот град на списокот на светско наследство.

Тоа е родно место на Никола Коперник, астроном, кој направи пресврт во науката во 15 век, откривајќи дека Земјата се врти околу сонцето, а не на друг начин како што се мислеше порано. Градот сега е познат по производство на медени колачиња. За нив има и отворено посебен музеј.

Познан

Град познат во Полска како центар на конгресниот туризам еден од најстарите градови во Полска. Денес Познан се издвојува како еден со најдобар животен стандард во Полска.

Во прекрасниот стар град, доминира Катедралата Свети Петар и Павле, која нуди поглед на динамичниот пазар на централниот градски плоштад и прекрасната градска ренесанса.

- Реклама -