Опозицијата на пленарната седница на собранието побрара разрешување на Јанева, мнозинството пратениците одбија

На денешната пленарна седница координаторот на пратеничката група на  ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски побара на дневен ред да се најде предлогот за разрешување на поранешната прва шефица на СЈО Катица Јанева. Но предлогот не беше усвоен од мнозинстовото во Парламентот.

Според спикерот Џафери,правна пречка за ставање на точката на дневен ред било началниот договор меѓу партиите по ова прашање. Со образложение дека предлог одлуката на Комисијата за избори и менување беше едногласно изгласана од сите пратеници.

Опозицијата побара на дневен ред да се стави предлогот за разрешување поради фактот дека оваа седница е последна во законскиот рок за истекување на мандатот на Јанева.

За СДСМ ова е нејасно барање од страна на опозицијата бидејќи, утрово на координацијата на претставниците на сите политички партии меѓу кои и координаторот на ВМРО дале согласност разрешувањето на Јанева да оди на посебна седница  која дополнително ќе се прецизира.

Повеќе на 24 ТВ.

- Реклама -