Адвокатот Александар Тортевски, кој во еден период беше советник на Специјалното јавно обвинителство, вели дека ниту во еден момент не претпоставил ваков крај за специјалниот јавен обвинител (мисли, се разбира, на Катица Јанева, која е во притвор како третоосомничена за случајот „Рекет“), но дека имал одредени сомнежи за случувањата во СЈО уште многу порано. Како, на пример, кога одбил понуда за поткуп од 50.000 евра за да лобира да се забошоти одреден случај. Обидот за поткуп, вели, го пријавил кај Катица Јанева, но за тоа знае и целиот колегиум. А сепак, вели Тортевски, потоа, и до ден денес, случајот го нема никаде.
Најголемите несогласувања со Јанева ги имал во летото 2017-та, кога конкурирал на конкурсот за државен јавен обвинител, раскажува Тортевски во интервјуто со Јадранка Костова за „Фокус“. Според него, Јанева тогаш му го раскинала договорот затоа што таа сакала да стане државен обвинител. Тоа му го рекла и таа лично, а своите намери им ги соопштила и на своите колеги во СЈО.
„Таа беше спремна лично СЈО да го затвори и дури почнала и да им прави распоред на обвинителите. Тоа го знам, тие го премолчаа тоа, меѓутоа тоа беше практично растурање на тимот“, вели Тортевски, додавајќи дека Јанева сметала дека тоа ѝ е животна шанса за да дојде до таа позиција, и дури и му се обратила со зборовите „ти мене ќе ми конкурираш за јавен обвинител“… Во интервјуто Тортевски открива уште низа интересни детали. Прочитајте ги ТУКА.