„Jeбo те, што све сме погодиле. Ова е снимено 1997“, пишува Бранко Огњановски (Миле Паника) на Инстаграм, споделувајќи скеч на К-15 во кој Бубо Каров (Цацко), во улога на професор, го советува Тошо Малерот (Васко Тодоровски, кога веќе ги редиме ко да не ги знаете) дека нема потреба во составот да го напише името „Македонија“, туку подобро е да го замени со „нашата земја“ или слични термини.
Оваа конкретна улога на Бубо Каров во скечот е полна со иронија, вака погледната од денешен аспект, кога Бубо Каров е советник на министерот за комуникации, отчетност и транспарентност во Владата на Северна Македонија, која не само што го потпиша Преспанскиот договор, туку и прави екстра напори за да го избегне името „(Република) Македонија“, но и да избегне непотребно да го иритира незадоволниот дел од граѓаните со терминот „Северна“. Како што и самата јавност сведочи, добар дел од тие напори завршуваат токму со „нашата земја“.