Зеколи: Советниците на Пендаровски да објаснат зошто Трамп не му честиташе директно, како на Иванов

Политичкиот аналитичар и критичар на состојбите – Арсим Зеколи, алудира дека има некаква конкретна причина што годинава македонскиот претседател не доби директна честитка за 8-ми септември од американскиот претседател, за разлика од претходните години.

За разлика од екс-претседателот Ѓорге Иванов, кој добиваше директни честитки од Барак Обама и Доналд Трамп, овојпат честитката од САД дојде преку државниот секретар Мајк Помпео, упатена до граѓаните на Северна Македонија.

„Можеби некој од советниците на Стевo ќе ни објасни зошто Обама и Трамп честитаа 8 Септември директно до Иванов, а годинава Помпео до граѓаните. Мора да е некое недоразбирање. Ќе објаснат советниците“, пишува Зеколи на Твитер.

„Во име на Владата на САД и американскиот народ, упатувам честитки до народот во Република Северна Македонија, по повод 28 години независност“, порача Мајк Помпео во честитката.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: Кој од СДС ја излизга Кузеска да шири дезинформации, синот на Иванов и сопругата на Илевски не се назначени за надзор во МЕПСО
- Реклама -