Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и од притвор влијае на сведоците. Можеби не на оние во случајот „Рекет“, во кој таа е третоосомничена, но влијае на оние кои треба да сведочат во случаите на СЈО, објави ТВ „Алфа“, повикувајќи се на свои извори.
Според „Алфа“, загрозените сведоци посебно ги збунила последната одлука на државното обвинителство – да ги преземе предметите што ќе му бидат (ако му бидат) предадени од Специјалното јавно обвинителство. Причината е што довербата што сведоците ја стекнале во досегашните обвинители што ги водат предметите, односно обвинителите од СЈО, сведоците ја немаат кога се во прашање новите обвинители кои би ги преземеле предметите од СЈО. Повеќе ТУКА.