Почна 15-тата сезона на „Миленко Неделковски Шоу“, а Миленко е презадоволен од гледаноста на првата епизода, се пофали тој утрово на Фејсбук. За неполни два дена на платформата Dailymotion ја гледале 8.000 луѓе, на Youtube уште 12.000, а гледаност има и на руската „ВКонтакте“ (ака. VK), вели Миленко, оценувајќи го интересот како одличен.
Во епизодата, Миленко порачува дека во 15-тата сезона немало да штеди никого и дека неговата емисија е од народот за народот, а не во име на партии, спонзори или било какви странски организации (и грантови).
Во еден дел од емисијата, Неделковски се лади во базен со пypa во раката, а до него се неговите каубојски чизми, прекриени со знамето со Сонцето од Кутлеш:
„Уште еднаш да констатирам, ова е зapoбeна држава. Под странска окyпaциja, со домашни колаборационисти. Ова овде е окyпaциja по дефиниција. Странска војска, странски намесници – кои се амбасадори, странска директива – овде не можеш да имаш ни влада, не можеш да преземеш акција, не можеш да имаш договор со некоја друга држава, не можеш да внесеш странска инвестиција ако окупаторот не ти дозволи“, констатира Миленко повлекувајќи од пypaта.